144
Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Давос, остварил кратка средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.
Пендаровски во разговорот со Кулеба ја реафирмирал целосната поддршка за Украина и украинскиот народ, посочувајќи дека Северна Македонија како членка на НАТО, во рамки на можностите ќе продолжи да пружа воена, хуманитарна и дипломатска помош на Украина со крајна цел прекин на воената агресија, одбрана на демократските вредности и воспоставување на мир.
Кулеба изразил благодарност за поддршката од Северна Македонија, декларирана и во писмото упатено од претседателот Пендаровски до украинскиот претседател Зеленски.