ФБИ спречи атентат врз Буш

од Nikola Popovski
338 прегледи

Симпатизер на Исламската држава планирал да го убие поранешниот американски претседател Џорџ Буш, но заговорот го откриле од ФБИ, објавија американските власти.

Осомничениот жител на Охајо, наводно, барал ирачки оперативци да бидат прошверцувани во САД од Мексико за операцијата.

Тој сега е во притвор и во вторникот се појавил пред федералниот суд во Охајо. ФБИ користеле информатори и електронски надзор за да го спречи неговиот план.

Според судските документи, осомничениот идентификуван како Шихаб Ахмед Шихаб (52) е ирачки државјанин кој е во САД од 2020 година и имал барање за азил во тек, јавува Би-Би-Си.

ФБИ тврди дека Шихаб му рекол на доверлив извор, наводен криумчар на луѓе, дека припаѓа на групата позната како „Ал Раед“, што на арапски значи гром, со седиште во Катар.

Зборувајќи со извор од ФБИ, Шихаб реколдека сака да го убие Буш затоа што „убил многу Ирачани“ и зошто го „распаднал Ирак“.

Тој додал дека се надева дека лично ќе учествува во операцијата и „не му е грижа дали ќе умре, бидејќи е горд што учествувал“.

Шихаб, наводно, побарал лажни полициски значки и се распрашувал дали милитантите би можеле да бидат прокриумчарени преку мексиканската граница за да спроведат операција, а потоа да се прошверцуваат назад за да избегаат.

Портпаролот на Буш рече дека поранешниот претседател има доверба во американската тајна служба и другите служби за спроведување на законот и разузнавањето.

Слични содржини