Клинтон и Буш посетија украинска црква во Чикаго

од Nikola Popovski

Поранешните американски претседатели Бил Клинтон и Џорџ Буш посетија украинска црква во Чикаго за да му изразат поддршка на украинскиот народ.

Тие положија сончогледи во црквата Свети Володимир и Олха, симболично завиткани во сини и жолти ленти, кои се боите на украинското знаме, јавува Би-Би-Си.

„Америка е солидарна со народот на Украина додека се бори за својата слобода и иднина“, напиша Клинтон на Твитер.

Слични содржини