Лавров: Европа го оживува нацизмот и ги врти народите против Русија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека европските земји се обидуваат да го оживеат нацизмот и дека ги поттикнуваат европските народи против Русија

од Кристијан Димков
28 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Ен-Би-Си Њуз

За време на разговорот со својот казахстански колега Ермек Кошербаев, Лавров наведе дека сеќавањето на Големата патриотска војна денес има, како што рече, не само историско, туку и практично значење во актуелните политички околности, пренесува „Спутник“.

Тој оцени дека поединечни европски држави настојуваат да го „оживеат нацизмот во нови форми“ и да ја мобилизираат јавноста против Русија.

Лавров истакна и дека Русија и Казахстан заеднички ја одбележуваат годишнината од победата во Втората светска војна на 9 мај.

Претходно, Лавров на состанокот на Советот на Парламентарното собрание на Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДКБ) рече дека европските лидери, заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски, имаат намера да ги обединат европските војски под знамето на нацизмот.