182
Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Давос, остварил кратка средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.
Претседателот Пендаровски во разговорот со Кулеба ја реафирмирал целосната поддршка за Украина и украинскиот народ, посочувајќи дека Северна Македонија како членка на НАТО, во рамки на можностите ќе продолжи да пружа воена, хуманитарна и дипломатска помош на Украина со крајна цел прекин на воената агресија, одбрана на демократските вредности и воспоставување на мир.
Кулеба изразил благодарност за поддршката од Северна Македонија, декларирана и во писмото упатено од претседателот Пендаровски до украинскиот претседател Зеленски.