311
Садио Мане, еден од најдобрите играчи на Ливерпул, следната сезона нема да настапува за овој тим.
Мане со месеци преговара со раководството на клубот од Енфилд за нов договор, но приказната згасна во последните недели. Тогаш почна да се појавува интересот на Баерн Минхен, а Баварците се клубот во кој Мане би можел да ја продолжи кариерата.
Според германски Билд, Мане е во напредни преговори со Баварците, а трансферот би требало да биде официјализиран по завршувањето на Лигата на шампионите, каде Сенегалецот со „црвените“ ќе ги одмери силите со Реал Мадрид.
Мане пристигна во Ливерпул во 2016 година, а за тоа време ја освои Премиер лигата, Лигата на шампионите, Светското клупско првенство …