Од возач до играч на Баерн: Мане „му намести“ договор на својот најдобар пријател

од Nikola Popovski

Баерн направи добра работа во преодниот рок и покрај тоа што остана без Левандовски. Ги донесе Де Лихт, Мазрауи, Гравенберг, Мане и кога се чинеше дека трансфер периодот заврши, во Минхен дојде Дезире Сегбе Азанкпо.

Станува збор за 29-годишен фудбалер од Бенин, кого Баерн го доведе за да му направи услуга на Садио Мане.

Азанкпо и Мане се блиски пријатели, нивната професионална кариера започна во ист тим, француски Мец во сезоната 2011/12.

Мане подоцна стигна до елитното ниво, а Азанкпо беше далеку од тоа – играше во Луксембург, Словачка, пониските лиги во Англија… се до Данкерк, од француската трета лига, со кого се раздели во јуни.

Азанкпо пристигна во Минхен како возач на Мане, носејќи го на тренинзи во Баерн, а Сенегалецот го привлече вниманието на челниците на клубот за да можат да ги погледнат неговите фудбалски квалитети.

Азанкпо одработи неколку тренинзи и доби двегодишен договор, со услов да игра во Б тимот на Баерн, раководен од Мартин Демикелис.

Слични содржини