Дефанзивецот на репрезентацијата на Украина, Олександр Зинченко изјави дека се надева дека тој и неговите соиграчи ќе ја направат горда нивната земја кога следната недела ќе се соочат со Шкотска во полуфиналето на Светското првенство во Катар. Натпреварот со Британците ќе се игра на стадионот „Хемпден Парк“ во Глазгов на 1 јуни, откако беше одложен од март поради воената инвазија на Русија.
„Во првиот период, кога започна се, беше многу тешко да се фокусираме на фудбалот. Сите мои мисли беа со Украина, со украинскиот народ. Би рекол дека ова важи за сите, за секој украински фудбалер… Овој натпревар е еден од најважните во мојот живот. Момците изгледаат подготвени и не треба да зборуваме за мотивација“, изјави Зинченко за Би-Би-Си.
Ова ќе биде прв официјален натпревар за Украина од почетокот на војната во февруари. Локалната сезона во Премиер лигата беше прекината минатиот месец.
„Очигледно ќе биде проблем физичката кондиција на момците кои не играле извесно време. Во овој случај, сепак, нема изговори и мора да дадеме се од себе. Можам да му ветам на целиот украински народ дека секој од нас ќе даде се за да го добие натпреварот, да ги направиме сонародниците горди на нас и за само неколку секунди би сакале да им ја подариме таа насмевка“, заклучи фудбалерот на Манчестер Сити.
Победникот од плеј-офот ќе се соочи со Велс во Кардиф на 5 јуни за место на Светското првенство во 2022 година.