Полициски радар „фати“ возач кој возел со 200 километри на час

од Берта Китинска
285 прегледи

Во текот на вчерашниот ден (27.05.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 138 возачи. Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 59 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 79 надвор од населено место, информираат од МВР.

Од министерството апелираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта, порачуваат оттаму.

МВР објави и фотографија на која се гледа дека радарот на еден возач му измерил брзина од 200 километри на час.