Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ заминува од Интер во Тотенхем, потврди најпрецизниот светски извор за фудбалски трансфери Фабрицио Романо.
„Иван Перишиќ договори се со Тотенхем. Интер доби информација дека Иван нема да биде со нив следната година. Се е договорено за двегодишен договор. Следната недела треба да биде закажан лекарски преглед. Перишиќ беше приоритет на Антонио Конте“. напиша Романо на Твитер.
По седум години минати во Интер, Перишиќ се збогува со клубот со кој освои едно Скудето (само под Конте) и Купот и Суперкупот оваа сезона, во кои беше главен фактор за Интер.
Да потсетиме, во финалето на Купот оваа сезона со два гола по продолжение му донесе победа на Интер над Јувентус од 4:2.
Перишиќ заминува во Тотенхем како слободен играч бидејќи не потпиша нов договор со Интер, а Спарс понудиле многу подобри услови. Интер долго се двоумеше околу продолжувањето на договорот на Перишиќ, дури и на неколку месеци, што видно го разочара 33-годишниот фудбалер.
– Знам дека со важни играчи не се чека до последен момент. Тоа треба да го знаете – изјави Перишиќ за управата на клубот по споменатото освојување на пехарот.
За Интер, Перишиќ забележа вкупно 254 настапи, постигна 55 голови и 49 асистенции.
Интересно е што ова ќе биде прв обид за Перишиќ во најтешката лига на светот, но неговиот начин на игра на позицијата лев бек одлично одговара на барањата на Конте во Спарс.
Телефонскиот повик на Конте беше одлучен во одлуката на Перишиќ, а претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, кој инаку е силно против доведување 30+ играчи, му дозволи на Конте да го донесе Перишиќ поради резултатите од оваа сезона.
Засега англиските медиуми напоменуваат дека Иван во Спарс треба да има годишна плата меѓу шест и седум милиони евра, но треба да се нагласи дека оваа информација никаде не е потврдена.