Николова: Каде завршиле 1,6 милиони евра од аферата „Криминални парцели“, дали е тоа ВМРО-ДПМНЕ?

од Берта Китинска
235 прегледи

Аферата „Криминални парцели“, во која се проневерени околу 1,6 милиони евра ја тресе ВМРО-ДПМНЕ.Информациите објавени во медиумите отвораат сериозни прашања за кои јавноста со право очекува одговори од првиот човек на оваа партија, Христијан Мицкоски, вели пратеничката на СДСМ, Даниела Николова.

Таа вели дека според последните објавени информации покажуваат дека дел од осомничените во аферата „Криминални парцели“ се донатори на ВМРО-ДПМНЕ, како и на кампањата на градоначалничката Данела Арсовска.

-Ова е една од причините зошто Христијан Мицкоски треба да одговори на прашањето:Каде завршиле 1,6 милиони евра од аферата „Криминални парцели“ и дали е тоа во ВМРО-ДПМНЕ?Овие сомнежи се основани по информациите кои изглегоа во јавноста дека станува збор за криминална шема и затоа очекуваме истрагата да ги даде сите одговори, додава пратеничката.