Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување, не сработеа ништо во интерес на граѓаните и оштините.Во секоја општина предводена од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ има назадување и неработа, велат од СДСМ.
Оттаму посочуваат дека деновиве граѓаните сведочат и дека дел од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ направиле злоупотреба, формирајќи јавни претпријатија преку кои електричната енергија за улично осветлување од ЕВН ја добиваат по цена за домаќинствата.
-Мицкоски наместо да измислува оправдувања да каже кои градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ правеле дубари со струјата на граѓаните.Голема е нервозата во Белата палата откако се откри дека неговите градоначалници правеле злоупотреби да обезбедат поевтино улично осветлување и откако се откри дека неговите блиски луѓе направиле малверзации со земјиште каде се проневерени 1,6 милиони евра.ВМРО-ДПМНЕ не се менува, останува партија на криминал, малверзации и дејствување на штета на граѓаните и државата, посочуваат од валдејачката партија.