Во тек е акција на МВР во прилепско во која е запленето поголемо количество дрога во вредност од околу 300.000 евра.
Неофицијално станува збор за уште еден пресечен меѓународен канал за шверц со дрога, а има и приведени наркодилери.
Од МВР ја потврдуваат полициската акција, а повеќе детали најавуваат по целосно завршување на истата.