Полицијата информира дека во текот на вчерашниот ден стигнала пријава за лице кои се соблекло пред малолетно женско лице во двор на основно училиште.
Според полицијата, настанот се случил во едно велешко село, а осомничениот бил вработен во училиштето.
Во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.