Владеачката СДСМ го прашува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски што правел додека Европската народна партија (ЕПП) на Конгресот во Ротердам, на кој присуствува и самиот Мицкоски, усвоила резолуција со која го поддржува отворањето на преговорите со ЕУ, но истовремено ги поддржува ставовите на Бугарија.
-Што правел Христијан Мицкоски додека се зборувало за овој дел од Резолуцијата? Зошто Мицкоски не ги бранел државните ставови на нашата земја на Конгресот на ЕПП на којшто и самиот присуствувал?, прашуваат од партијата.
Според СДСМ, ова е потопување на државните и национални интереси и тоа директно од Христијан Мицкоски.
-Очекуваме лажниот патриот Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните да ги објасни овие негови позиции, стои во партиското соопштение.