Пендаровски: Поддршка за „Отворен Балкан“, очекувам конкретни проекти

од Nikola Popovski
216 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, во пресрет на самитот во Охрид, за српски „Телеграф“ изјавил дека ја поддржува иницијативата „Отворен Балкан“ бидејќи, како што истакнал, таа не е надвор од европските слободи во однос на економската соработка и движење преку границите.

Тој изјавил дека иницијативата треба да биде комплементарна, а не паралелна со берлинскиот процес, пренесува „Телеграф“.

Пендаровски очекува на претстојниот самит да се појават нови иницијативи за соработка, конкретни проекти, како и потврда дека ќе продолжат со претходните, кои, како што рече, дале поволни резултати за земјите учеснички во тој регионален процес.

Утре во Охрид почнува дводневниот самит на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“, на кој ќе присуствуваат премиероте на Северна Македонија и Албанија Димитар Ковачевски и Еди Рама, српскиот претседател Александар Вучиќ, како и претставници од Црна Гора и БиХ.

Како што е најавено, на самитот ќе бидат потпишани повеќе договори и меморандуми за соработка во областа на високото образование, туризмот, културата и даночните служби.

Гостин на самитот ќе биде црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ кој ја поддржа иницијативата Отворен Балкан и ќе присуствува, како што најави, во улога на набљудувач.

Во улога на гостин на самитот ќе биде и претседавачот со Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија.

Слични содржини