Вучиќ за проширувањето на „Отворен Балкан“: Сит сум од молење, кој сака – сака

од Nikola Popovski
295 прегледи

„Сит сум од молење и да мораме да им говориме на некои други треба дека треба да се приклучат. Имаме Отворен Балкан меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија, кој сака – сака, кој не, не ми паѓа на памет да го молам, изјавил српскиот претседател Александар Вучиќ во гостување на „РТС“ во пресрет на утрешниот самит „Отворен Балкан“ во Охрид.

Вучиќ при резимирање на впечатоците за откажувањето на посетата на Лавров накратко се осврнал на неговата порака, но истакнал дека „Отворен Балкан“ е проект кој од почетокот има силна поддршка од САД.

„Задоволен сум што ги слушам зборовите на господинот Лавров за ова прашање, но задоволен сум што Ескобар ќе ни се обрати утре и што САД од почетокот го поддржуваа Отворен Балкан, за разлика од Европа“, рекол Вучиќ, додавајќи дека еден ден, „кога ќе може слободно да зборува“, односно кога ќе се пензионира, ќе има што да каже на таа тема.

Вучиќ бил прашан и дали „Отворен Балкан“ станува поприфатлив за другите земји, особено ако се има предвид дека на Самитот првпат ќе бидат гости црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ и Зоран Тегелтија, претседавач со Советот на министри на БиХ.

Тој нагласил дека Тегелтија и Абазовиќ се само набљудувачи и дека „не знае дали тоа станува поприфатливо“ за другите.

Слични содржини