Бангиевски за случајот „Алабаковски“: Очекувам фер и транспарентно судење, од отворањето на „Ванчо Михајлов“ преовладува провоцирање на национална основа

од Vladimir Zorba
757 прегледи

Пејачот Ламбе Алабаковски доби 8-дневен притвор за палењето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Вака одлучи судија на претходна постапка, по барање на Основното јавно обвинителство.

Алабаковски е обвинет за „предизвикување општа опасност“.

Адвокатот Владимир Бангиевски вели дека лицето кое е осомничено за сторено кривично дело, казниво по член 288, став 1 од Кривичнот законик, кое дело се однесува на предизвикување на општа опасност со општоопасно дејствие или средство – пожар, поплава, моторна сила итн, Законикот предвидува е од шест месеци до пет години.

-Претпоставувам дека стратегијата на неговата одбрана би била дека со актот предизвикал само материјална штета, а дека не го исполнил битието на казнивото дело – предизвикување на општа опасност, со оглед на времето на преземањето на дејствието (навечер и кога Клубот не работел односно бил затворен, па немало луѓе кои би биле доведени од страна на осомничениот во општа опасност!), појаснува Бангиевски.

Адвокатот вели дека според член 468 до член 481 од Законот за кривична постапка е предвидедна скратена постапка за кривични за кои како главна казна е пропишана парична казна или затвор до пет години.

-Кои се мотивите на Основното јавно обвинителство постапката да се води како скратена не знам, но Законот за кривична постапка го предвидува тоа, подвелкува тој.

Владимир Бангиевски

Владимир Бангиевски

Според него во целиот случај со Клубот има единствено политика на провокација и ништо друго.

-Од називот на Клубот – до неговото отворање од страна на високи официјални лица од Република Бугарија преовладува провоцирање на национална основа. Може би еуфоријата во јавноста што ја предизвика називот на Клубот, чинот на отворањето и последно, неговото палење, немаше да биде толку голема ако не се поклопеше со Бугарското вето спрема Македонија за отпочнување на пристапни преговори со ЕУ, и во тој контекст, барањата на Бугарија, кои задираат во етничките чувства на Македонците. Како и да е, очекувам фер и транспарентно судење, и доследно почитување на законот во целата понатамошна постапка, потенцира Бангиевски.

Влезната врата на бугарскиот клуб во Битола и натписот „Ванчо Михајлов“ беа запалени во саботата утрото в очи на работната средба на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска со колегата од Македонија, Бујар Османи во Скопје и предизвика остри реакции во јавноста.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не сакаше официјално да открие дали станува за него, но вели дека самиот го признал делото. Вели дека прегладени биле камерите, не само пред објектот, туку и на други објекти во градот. Извршен е и претрес во домот и во други објекти, кадешто биле пронајдени предметите кои се користеле, како и облеката.

-Имаме неспорни и несоборливи докази. Лицето е приведено во ПС и во моментот очекуваме дека ќе биде изнесен пред надлежниот судија на претходна постапка. МВР бара одредување на мерка притвор заради тоа што се исполнети условите во однос на ваквото барање. Сепак, јас би сакал да почекаме одлука на надлежниот суд, изјави вчера Спасовски.

Б.М.

Слични содржини