Ливерпул ја одби и втората понуда за Мане, „црвените“ сакаат колку што Баерн бара за Левандовски

од Vladimir Zorba
294 прегледи

Раководството на Ливерпул ја одби и втората официјална понуда што ја доби од Баерн (Минхен) за Садио Мане. Според Би-Би-Си, предлогот бил вреден 30 милиони фунти. Тоа е пет милиони повеќе од првата понуда, која беше 25 милиони фунти (21 милион плус уште четири милиони во бонуси).

Изворот тврди дека Ливерпул бара 50 милиони евра (42,8 милиони фунти) за својот напаѓач. Аргументот е дека Баерн притиска за слична сума за 33-годишниот Роберт Левандовски, чиј договор со Баварците, исто така, истекува за една година, како што е случајот со 30-годишниот Мане.

„Sky Sports“ открива дека структурата на втората понуда на Баерн е 23,5 милиони фунти плус 6,5 милиони во форма на бонуси.

Слични содржини