ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ узурпира објектот на МО, кој наместо студентски дом сега е штаб

од Берта Китинска
196 прегледи

СДСМ да каже како го узурпира објектот на МО, кој наместо студентски дом сега е штаб.

СДСМ е единствена партија во светот која за штаб има објект кој бил сопственост на Министерство за образование, и доколку не бил узурпиран од партијата можел да биде добар студентски дом за студентите на Медицинскиот факултет, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуват дека премиерот Ковачевски е ист како Заев, посочувајжи дека е скриен сопственик во фирмите во кој беше содружник, фирми кои вртат милиони.

-Па оттука нејасно е дали кога СДСМ зборува за криминал мисли на аболицираниот криминалец Заев подобро познат како евро за црквата евро за Вицето?Дали кога СДСМ зборува за криминал мисли на голтарите од СДСМ кои станаа олигарси?Дали кога зборува за крадење пари мисли на Лиј Витон торбите кои си ги поделија во партија?Дали кога зборува за злоупотреба на службена должност мисли на Рашковски и парите од мекиците или можеби на Мухамед Зекири и милионот испумпан од влада?Македонија е во криза заради СДСМ. Народот плаќа скапа струја, затоа што Заеви правеа криминал во РЕК Битола. Народот плаќа скап леб и брашно затоа што Николовски го уништи домашното земјоделие, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.