МВР информира дека во текот на вчерашниот ден, санкционирале 172 возачи, кои на патиштата низ Македонија се движеле со брзина поголема од дозволеното. Според полицијата, од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
При тоа 71 возилo ја пречекорилo брзината во населено место, а 101 надвор од населено место.
Како што објави МВР, едно лице било фатено на радар како вози со високи 201 километар на час.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, порачаа од полицијата.