„ВМРО-ДПМНЕ оставка може да побара единствено од Христијан Мицкоски кој учествуваше на Конгрес на ЕПП, каде беше усвоена резолуција која ги промовира ставовите на Бугарија. ВМРО-ДПМНЕ едно зборуваат дома а сосем друго надвор, а работат против интересите на земјава“, реагираат од СДСМ на соопштението на опозициската партија, а во врска со шегата на премиерот на Албанија, Еди Рама, кој на германскиот канцелар Олаф Шолц му го претстави Ковачевски како иден премиер на Западна Бугарија.
„Денеска ВМРО-ДПМНЕ се обиде да извртува иронична изјава на премиерот на Албанија, чиј сарказам е познат во јавноста и се однесува на блокадата на Република Бугарија и односот кон процесот на проширување на ЕУ. Неговиот сарказам и иронија се јавни и познати, но, не се и никогаш не биле насочени кон нашата земја, напротив. И за време на Самитот на „Отворен Балкан“ и претходно, Рама е иронечен за блокадата на Бугарија за нашата земја, којашто ја блокира и Албанија.
Ставовите на премиерот Ковачевски во однос на блокадата на Бугарија, за нашите позиции и во однос на ЕУ, се добро познати на јавноста“, додаваат оттаму.