Премиерот Ковачевски во рамките на работната посета во Турција, оствари средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
-Чест и задоволство е денешното гостопримство на Претседателот Реџеп Таип Ердоган.Ние сме две земји сојузнички, кои традиционално долго негуваат одлични билатерални и економски односи, напиша премиерот на својот Фејсбук профил.