Манчини по 5:2 од Германија: Поразот не може да избрише се што постигнавме

од Vladimir Zorba
277 прегледи

Селекторот на Италија Роберто Манчини ги објасни причините за поразот од Германија со 2:5. Ова е уште еден разочарувачки резултат за „азурите“, откако селекцијата не успеа да се пласира на Светското првенство 2022 година и беше поразена со 0:3 од Аргентина во спорот за трофејот „Финалисима“.

„Тажно е што јунската серија натпревари заврши на овој начин. Знаевме колку силен тим е Германија. Им дадовме премногу слободен простор во првото полувреме. Имаше некои добри работи, без разлика на исходот, но генерално е нормално да се биде разочаран. Групата останува отворена“, изјави Манчини.

„Не делувавме како целина во одбраната, затоа се направени толку многу грешки. Во една фаза од натпреварот ризикувавме. Игравме со многу млади играчи, така е. Оваа загуба не може да избрише се што постигнавме во изминативе години“, изјави италијанскиот тренер.

Слични содржини