По 7 недели штрјак на Независниот синдикат на Управата за водење на матични книги најде заеднички јазик и се потпиша договор.Со колективниот договор се утврдуваат критериумите за годишен одмор, платени и неплатени отсуства, за регрес, за додаток на плата и инт, кажа директорот на Управата, Блерим Абази.
Тој се заблагодари на Министерството за правда и министерот Никола Тупанчески за поддршката и на граѓаните кои во изминатиот период, како што рече, имале разбирање за прекинот на работата на вработените во Управата.
Абази додаде дека како директор ќе се заложи во Предлог-буџетот за 2023 да бидат предвидени повисоки плати за Управата, а за покачување на платите во оваа година пратил иницијатива до Владата да се најде решение во најбрз рок.
Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ), Марјан Ристески во однос на финансиите рече дека контактираат со Владата и очекува да се реализира инцијативата на ССМ за зголемување на платите за 2.806 денари уште во јули и дека тоа ќе им следува и на вработените во Управата.
-Сите матични оделенија почнуваат со работа, од утре нема штрајк, кажа денеска синдикалниот претставник.