Штрајкот ставен во мирување, граѓаните од утре ќе може да ги користат услугите на Управата за водење матични книги

од Берта Китинска

Министерството за правда информира дека граѓаните од утре ќе може да ги користат услугите на Управата за водење матични книги.

-Со потпишувањето на колективниот договор,штрајкот е ставен во мирување а граѓаните од утре ќе може да ги користат услугите на Управата за водење матични книги.Во колективниот договор се утврдуваат критериумите за годишен одмор и неплатени отсуства, надоместоците на плата и други примања, исплата на регрес за годишен подмор, додатоци на плата, јубилејни награди и др. Како право кое синдикатот и работодавачот го утврдија во овој договор е минималната плата да биде основна плата, соопштија од министерството.

Слични содржини