Регистриран првиот случај на мајмунски сипаници во Србија

од Stefanija Kuzmanovska
241 прегледи

Во Србија е регистриран првиот потврден случај на мајмунска сипаница, соопшти денеска Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, пренесе „б92“.

Според веб-страницата на Батут, случајот бил дијагностички препознаен и третиран терапевтски. Лабораториската дијагностика била спроведена во Институтот за вирусологија, вакцини и серуми Торлак.

Територијално надлежниот Завод за јавно здравје изврши епидемиолошка истрага на случајот и спроведени се сите мерки на евидентирање, тестирање, пријавување и контрола на натамошното ширење на инфекцијата согласно стручните методолошки упатства.

Во согласност со меѓународните здравствени регулативи и протоколи, за првиот потврден случај се известени меѓународните здравствени институции.

Апелираме до граѓаните, за зачувување на своето здравје, да ги применуваат сите превентивни мерки и да ги почитуваат препораките на здравствените установи.

Слични содржини