„Еден член, еден глас“: ДУИ организира непосредни партиски избори

од Берта Китинска
177 прегледи

Демократската унија за интеграција информира дека утре (Недела, 19.06.2022) ќе организира директни партиски избори во 10 ограноци за претседатели на ограноци, членови на претседателство на ограноци, претседатели на локалните совети и членови на локалните совети.

Ограноците на Брвеница, Боговиње, Чашка, Долнени, Гостивар, Студеничани, Теарце, Тетово, Врапчиште и Желино, утре на демократски и рамноправен начин, почитувајќи го принципот еден член еден глас, ќе избираат свое раководство за нов мандат.

-Еден член, еден глас е принципот до кој сите мора да се придржуваат за да бидат еднакви, победници, посилни, поконсолидирани и да се обезбеди организациска долговечност.Дојдете сите во Демократската унија за интеграција и станете дел од модерната изградба на нашата заедничка иднина, напиша вицепремиерот Артан Груби на социјалните мрежи.