„Учество во странски легии е забрането со закон“: Владата нема информации за загинати македонски платеници во Украина

од Vladimir Zorba
291 прегледи

Руското Министерство за одбрана пред неколку дена објави список на странски платеници кои се борат во Украина.

Според прикажаните податоци, цитирани од РИА Новости, досега 79 македонски државјани заминале на фронтот, а 21 од нив загинале.

Од Владата за „Локално“ информираат дека безбедносните служби немаат такви информации.

-Според информациите од нашите безбедносни служби, Ве известуваме дека нема информации дека наши државјани учествуваат во војната во Украина. Потсетуваме дека учеството на македонски граѓани во странски легии е забрането со закон. Тоа е спротивно на член 322-а од Кривичниот законик кој забранува учество на државјани на Република Северна Македонија во која било војска или друга странска воена или полициска формација, велат од Влада.

Покрај овие податоци од Руското министерство, додаваат дека 19 македонски државјани веќе ја напуштиле Украина, додека во моментов на украинска страна се борат уште 39 лица.

– Во позадина на се поголемиот број воени неуспеси на режимот во Киев и огромните дневни загуби во работна сила и опрема, приливот на странски платеници во Украина не само што се намали, туку всушност се движи во спротивна насока. И покрај напорите на режимот во Киев и зголемувањето на плаќањата, режимот во Киев не може да го спречи процесот на платеници да одат во „оној“ свет или да се вратат во нивните земји на живеење. Неодамнешната празна приказна за „20.000“ странци кои се „борат“ против руските вооружени сили е обична лага, изјави денеска портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал Игор Конашенков.

Тој објасни дека Министерството за одбрана на Русија го следи и евидентира престојот во Украина на секој претставник на, како што вели „меѓународен собир на коњаници без глави“.

Б.М.

Слични содржини