Откако со дебаклот со протестот ја доби порака од граѓаните дека тие не се за блокади, Христијан Мицкоски треба да се откаже од деструктивното дејствување на штета на граѓаните и државата, велат од владеачката СДСМ.
Според нив, лидерот на најголемата опозициска партија треба да ја прифати пораката којашто со дебаклот на митингот му ја порачаа и граѓаните, а тоа е дека не сакаат блокади и деструкции.
-Граѓаните знаат дека Мицкоски говори едно дома а друго надвор а доказ за тоа е Резолуцијата на ЕПП со ставови на Бугарија којашто тој ја поддржа. Затоа лагите на Мицкоски не поминуваат, се виде дека манипулацијата на ВМРО-ДПМНЕ за наводна асимилација и бугаризација нема врска со реалноста. Оттука, Мицкоски мора да собере храброст и да си објасни самиот на себе си дека не може во важни моменти за државата да ги поткопува државните позиции а потоа да се чуди зошто граѓаните не го поддржаа партискиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ, стои во партиското соопштение.