Мане: Баерн е вистинскиот клуб за мене

од Vladimir Zorba
179 прегледи

Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане, кој е пред трансфер во Баерн (Минхен), откри дека не размислувал долго за понудата од баварскиот гигант. Мане ги помина медицинските тестови во Баерн, а двата клуба се договорија за неговиот трансфер вреден 40 милиони евра.

„Кога агентот ми кажа дека има интерес од Баерн, бев среќен. Веднаш се видов како дел од клубот. За мене ова е вистинското место во вистинско време“, истакна тој за „Билд“ и додаде:

„Имаше и други предлози, но јас го избрав Баерн. Ми се допаѓа работата и спортскиот проект на овој клуб, кој секогаш се бори за трофеи“.

Слични содржини