Двегодишно дете паднало од четврти кат во Скопје

од Берта Китинска
840 прегледи

Синоќа после полноќ во полиција било пријавено дека двегодишно дете од Скопје паднало од четврти кат од зградата во која живеее, информираат од МВР за „Локално“.

-На 22.06.2022 во 00.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека двегодишно дете паднало од четврти кат од зградата во која живеее. Според пријавеното, додека родителите биле во станот, детето излегло на оградената тераса и се качило на стол, по што паднало, соопштија од МВР.

По несреќата на детето му била укажана лекарска помош на детската клиника во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и биле констатирани тешки телесни повреди.

-Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот, соопштија од МВР.