Заменик-претседателот на бугарската опизициска ГЕРБ, Даниел Митов утрово го коментирал одложувањето на вчерашната седница на Комисијата за надворешна политика на темата француски предлог за решавање на спорот со С. Македонија.
„Комисијата вчера немаше што да прави. Не пропадна седницата, само ја одложивме“, вели тој за бугарска „Нова“.
Тој е дециден дека на Бугарија и треба стабилност и национален дијалог за важни теми како за С. Македонија и францускиот предлог.
„Неодговорноста на премиерот го натера да се расправа поради неговата ароганција, неговата неспособност да комуницира и затоа што ги става сопствените фантазии и приказни пред националниот интерес Бугарија да оди напред и да има агенда во корист на Бугарите“, истакнал Митов.
„Според нас, францускиот предлог е добар и со уште неколку корекции во наредните денови може да стане таков што целосно ги гарантира бугарските барања за почеток на преговорите на С. Македонија со ЕУ“, рече Митов.
Според него, во парламентот мора да се разговара за случаи како темата со С. Македонија.
„Тие ова не го разбираат и продолжија со поделбата на бугарското општество, лепејќи етикети, но така никаде нема да стигнат“, ги коментирал Митов потезите на актуелната бугарска власт.