Бугарскиот парламент денес треба да направи значаен чекор кон укинување на ветото за почеток на пристапните преговори меѓу Северна Македонија и Европската Унија.
На пленарната седница пратениците ќе гласаат дали го прифаќаат предлогот на Франција како претседавач со Советот на Европската унија за излегување од ќорсокакот во односите со Северна Македонија.
Бугарија долго време го блокира европскиот пат на Северна Македонија поради несогласувањата за јазикот, историјата и правата на бугарското малцинство.
Неможноста да се реши спорот предизвика големо незадоволство кај балканските лидери кои денеска се сретнаа во Брисел.
Во знак на протест, Северна Македонија не го поддржа таканаречениот „француски педлог“, за кој ќе се гласа денес во Софија, но европските претставници сметаат дека неговото прифаќање во бугарскиот парламент би било значаен политички чекор.
„Предлогот на француското претседателство создава поповолни услови за одбрана на бугарските национални интереси во пристапните преговори од сите досега понудени опции“, изјави министерката за надворешни работи на Бугарија во заминување, Теодора Генчовска.