Битолчанец доби пријава, се заканувал преку социјални мрежи

од Берта Китинска
242 прегледи

Кривична пријава заработи едно лице кое преку социјалните мрежи упатувало заканувачки содржини кон одговорни и вработени лица од компанија.

„СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Р.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 03.06.2022 на својот профил на социјална мрежа, пријавениот постирал текст со заканувачка содржина кон одговорните и вработени лица во компанија. Набргу потоа, со него бил извршен службен разговор, при што го признал делото – информираат од МВР.