И Чех се раздели со Челси

од Vladimir Zorba
191 прегледи

Продолжуваат промените во раководството на Челси по промената на сопственоста. Клубот денеска објави дека се разделува со поранешниот голман Петер Чех, кој во изминатите три години беше технички советник во клубот и помогна да се подобри односот меѓу првиот тим и тимовите на академијата.

Чех објави дека ја донел одлуката за заминување, која ќе стане факт на 30 јуни.

„За мене беше голема привилегија да ја играм оваа улога во Челси во последните три години. Сега кога клубот има нов сопственик, чувствувам дека сега е вистинското време да се пензионирам. Драго ми е што клубот е во одлична позиција со овие нови сопственици. Уверен сум во идните успеси и на теренот и надвор од него“, изјави Чех за веб-страницата на „сините“.

„Петер е важен член на семејството на Челси. Ја разбираме неговата одлука да се пензионира и му благодариме за неговиот придонес како советник и неговата посветеност кон клубот и нашата заедница. Му посакуваме се најдобро“, додаде новиот сопственик и претседател на клубот, Тод Боли.

Слични содржини