Предлогот на француското претседателство со ЕУ не влезе во Македонското собрание

од Nikola Popovski
216 прегледи

Претседателот на Собраниет, Талат Џафери не го стави на гласање предлогот на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески, кој побара на денешната собраниска седница да се разгледа прашањето за преговорите со Софија и преговарачката рамка со ЕУ, предложено од француското претседателство.

„Република Северна Македонија е првата точка во Парламентот на Бугарија, а во нашиот Парламент не се расправа за преговорите. Срамота е што за земјата се зборува во други парламенти освен во нашиот“, рече Мицевски.

Џафери објасни дека не може да го стави предлогот на гласање бидејќи за да може прашањето да се разгледува во Парламентот треба да се достават соодветните документи.

Сепак, според Мицевски, документите се доставени до Комисијата за европски прашања во петокот, а претседателот на опозициската Левица Димитар Апасиев рече дека документите „за најжешкото прашање се доставени до Собранието веќе две години, но затоа што не е за Косово или Албанија Џафери не смета дека е потребно да го стави на дискусија“.

Слични содржини