Кевин Дурент предизвика тектонски потрес во НБА лигата, бидејќи еден од најдобрите играчи на ова натпреварување побара да си замине од Бруклин Нетс.
Како што пренесуваат и двајцата „инсајдери“, Шемс Чаранија од „Атлетик“ и Адријан Војнаровски од „ЕСПН“, Дурант официјално побарал и доставил барање за трејд од тимот од Њујорк.
Се уште не е познато каде ќе игра следната сезона, но двајца фаворити излегоа во преден план.
Првата „идеална дестинација“ за Дурент е Мајами Хит. Тимот од Флорида сака да ги спои него и Џими Батлер, што треба да биде доволно за чекор напред и борба за титулата.
Друга посакувана дестинација е Феникс. Во последниве години, шансите процветаа под Крис Пол, а тука е и Девин Букер…
Се споменува и дека Дурент би можел да биде побаран од Филаделфија, каде веќе игра поранешниот соиграч од Нетс и Оклахома Тандер, Џејмс Харден.
Наводно, Нетси за возврат сакаат да добијат „историска вредност“ во играчи и пикови од драфтот, па не очекува крајно бурно лето.