Ердоган за спогодбата со Финска и Шведска: „Овие потписи не значат дека прашањето е решено“

од Stefanija Kuzmanovska
128 прегледи

Спогодбата потпишана со Финска и Шведска за укинување на ветото на Турција за нивното членство во НАТО алијансата ги обврзува нордиските земји да ги исполнат своите ветувања, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

По четиричасовната средба во Мадрид со колегите од Финска и Шведска, Ердоган се согласи на низа безбедносни мерки во замена за поддршката на Анкара за проширување на Алијансата.

Обраќајќи им се на новинарите при враќањето од самитот на НАТО, тој рече дека нема потреба да се брза со ратификацијата на приемот на двете нордиски земји во турскиот парламент.

Анкара прво сака да види дали ќе ги исполнат ветувањата во меморандумот, вклучително и екстрадицијата на осомничените што ги бара Турција.

– Треба да се знае: овие потписи не значат дека прашањето е решено. Без одобрение од нашиот парламент, ова не стапува на сила. Нема потреба од брзање. Топката е на нивен терен. Шведска и Финска во моментов не се членки на НАТО – нагласи Ердоган.

Слични содржини