Чешкиот амбасадор во Бугарија: Францускиот предлог е единствена шанса за Македонија

од Nikola Popovski
161 прегледи

Францускиот предлог е единствената шанса за Македонија да ги започне пристапните преговори со ЕУ. Се е во рацете на македонските политичари, изјавил амбасадорот на Чешката Република во Бугарија, Лукаш Кауцки, чија земја го презема претседавањето со Советот на Европа во следните шест месеци.

Амбасадорот Кауцки се надева дека новиот предлог ќе биде прифатлив за македонските владини претставници, но и за сите политичари од Македонија.

„Не можам да предвидам што ќе одлучат, но навистина се надевам дека во наредните недели оваа приказна ќе заврши (за прифаќањето на францускиот предлог) и ќе започне нова, приказна за постепеното пристапување на Албанија и РСМ во ЕУ“, истакнал Кауцки.

Тој изјавил и дека чешкото претседателство не ја разгледува можноста Албанија и Македонија да се разделат на патот кон Европа.

„Од почетокот на „приказната“, Албанија и Македонија се разгледуваат заедно. Наша задача и желба е да ги започнеме преговорите заедно со двете страни“, додал амбасадорот Кауцки, објави „БГНЕС“.

Слични содржини