Скопјанец нападнал малолетничка и и го украл телефонот

од Берта Китинска
154 прегледи

На 02.07.2022 во 18.30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј.(26) од Скопје. Тој, околу 18.00 часот на ул.„Жан Жорес“ физички нападнал малолетничка и ѝ одзел мобилен телефон, информираат од МВР.

А.Ј. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.