Пендаровски: Францускиот предлог нема да биде ниту триумф, ниту дебакл

од Берта Китинска
159 прегледи

Во моментов имаме високи политички тензии во земјава и не верувам во перцепцијата која се создава во јавноста дека ова е судбинска дилема да се биде или не и дека наводно деновиве треба да донесеме одлука која ќе ја дефинира иднината на нашите генерации. Одлуката да го прифатиме францускиот предлог нема да биде ниту триумф, ниту дебакл, појасни претседателот Стево Пендаровски по состанокот на Советот за безбедност.

Според претседателот францускиот предлог е транзиционен компромис во една од фазите за евроинтегрирање на земјава.

-За мене тој е прифатлив. Да појаснам, станува збор за транзиционен компромис во една од фазите за евроинтегрирање на земјава. Со прифаќањето на овој предлог ја креваме бугарската блокада и дозволуваме формално отворање на преговорите, кажа Пендаровски.