Со францускиот предлог се крева бугарската блокада и дозволува формално отворање на преговорите. Тој овозможува скрининг процес пред отварање на кластерите и трето со ништо не го поткопува македонскиот идентитет, бидејки има чиста формулација за македонскиот јазик без фусноти.Oткако францускиот предлог ќе влезе во Владата, очекувам заклучоци на Влада кои во случај да го прифатат овој предлог, би морало да има реченица плус „Од денот кога ќе ги отвориме преговорите до нивното завршување, ако има дополнителни обиди за спомнување влез во дискусиите македонски јазик и македонска историја, во истиот момент ние да се повлечеме од преговорите“, вели претседателот Стево Пендаровски.
Toj вели дека нема гаранции дека во процесот на преговорите нема да има нови обиди од блокада од Бугарија или некоја друга земја членка, но дека таквите обиди како што вели ќе бидат драстично намалени.
„Откако предлогот ќе стане европска рамка ќе се редуцира можноста за чисти национални блокади“, тврди Пендаровски.
Со францускиот предлог, рече тој, историјата не е услов и има само една една реченица и во предлогот и во протоколите, која се однесува на почесто среќавање на историчарите.
Во однос на изјавите на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека неприфаќањето на овој предлог може да создаде меѓуетнички тензии, Пендаровски вели дека не очекува безбедносни ризици, особено затоа што и порано имало случаи на одбивање и разочарувања во делот на евроинтеграциите, а тоа не предизвикало конфликт.