Излетал со возилото: 60-годишник загинал на патот Ресен – Охрид

од Берта Китинска
211 прегледи

На 5.7.2022 во СВР Охрид било пријавено дека периодот од 9:00 до 13:50 часот на магистралниот пат Охрид-Ресен, помеѓу место викано Прентов мост и место викано Тунели, патничко моторно возило „фолксваген туарег“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(60) од Охрид, излетало од коловозот.

На местото на несреќата починал возачот Д.С., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.