Не успеа обидот на Христијан Мицкоски заедно со неговите партнери Левица и Алијанса за Албанците да реализираат некакво црно сценарио, реагираа вечерва од СДСМ после инцидентите кај споменикот „Скендербег“.
Според владеачката партија, Мицкоски вечерва се обиде да глуми жртва, а лажен напад со цел да предизвика меѓуетнички инциденти за да ги одржи во живот неговите лажни протести.
Од СДСМ велат дека со објавата на Мицкоски дека вечерва требало да биде убиен, тој се обидел да глуми жртва на лажен напад со цел да предизвика меѓуетнички инциденти за да ги одржи во живот неговите, како што велат, лажни протести.
Партијата за доцна вечерва најави вонредна прес-конференција по повод денешните случувања.