СДСМ: Мицкоски заедно со проруската Левица се обидува со крвави сценарија да создаде нереди

од Vladimir Zorba
145 прегледи

„Христијан Мицкоски кој заедно со проруската Левица прави деструкции, блокади, се обидува со крвави сценарија да создаде нереди, глумејќи лажен патриот, со години ги лаже своите сопартијци и сите граѓани за односите со Бугарија“, соопштуваат утрово од СДСМ.

Ова е вистината.

Факт 1: Мицкоски јавно изјави дека немаат проблем за внесување на Бугарите во Уставот

Факт 2: Мицкоски јавно го поддржа Договорот за добрососедство со Бугарија, на средба со поранешниот премиер Бојко Борисов.

Факт 3: Мицкоски поддржа скандалозна Резолуција на ЕПП која ги поддржува и промовира ставовите на Бугарија.

Се друго се невистини кои свесно ги пласира Мицкоски, ги лаже своите членови и граѓаните“, додаваат од Бихаќка.