Приведени двајца криумчари, превезувале 87 лица мигранти

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Денеска во 01.30 часот на автопатот кај клучка „Миравци“ полициски службеници од Полициска станица Богородица ги лишија од слобода М.Ј.(43) од Скопје и А.А.(26) од с.Арачиново, скопско.

Имено, околу 00.10 часот при контрола во товарно моторно возило „ивеко“ со приколка, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј., во кое и сопатник бил А.А., пронајдени се 87 лица мигранти. Од нив 45 од Сирија, 39 од Пакистан, двајца од Конго и едно од Индија.

М.Ј. и А.А. се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, а по завршување на постапката лицата мигранти ќе бидат спроведени во прифатно-транзитен центар, соопштија од МВР.