МВР бара помош за пронаоѓање насилници кои фрлале со тврди предмети по полицајците пред Собрание

од Nikola Popovski
247 прегледи

Министерството за внатрешни работи бара помош од граѓаните за препознавање на демонстранти кои учествуваа во насилни инциденти пред Собранието на 4-ти јули, како дел од протестите против францускиот предлог.

-Апелираме до граѓаните, доколку било кој препознае некого од насилниците, како што се лицата од снимките, кои на 04.07.2022 фрлаа со тврди предмети кон полицискиот кордон и објектот на Собранието, при што беа повредени четворица полициски службеници, може да го пријави тоа на телефонскиот број 192 или во најблиската полициска станица. Без разлика дали пријавата е анонимна или не, полициските службеници ќе постапат и, доколку се потврди идентитетот, против насилниците ќе бидат преземени соодветни законски мерки, велат од полицијата.

МВР порачува до граѓаните да не дозволат да бидат вовлечени во ничии сценарија и насилни инциденти, бидејќи ќе бидат преземани најригорозни мерки и нема да се толерира нарушување на мирот и безбедноста.

-Секој дијалог треба да се води во институциите на системот, а македонската полиција останува гарантот за безбедноста на тие институции, на државата и нејзините граѓани, стои во соопштението од македонската полиција.

Слични содржини