Околу 25 милиони деца ширум светот не биле вакцинирани против болести опасни по живот минатата година, објавија УНИЦЕФ и Светската здравствена организација (СЗО).
„Ова е детска здравствена криза. Агенцијата соопшти дека во 2021 година фокусот бил ставен на вакцинацијата против ковид-19, како и на економските теми и намалувањето на притисокот врз здравствените системи, а сето тоа ја попречувало вообичаената вакцинација против болести опасни по живот“, рече вишиот специјалист за имунизација на УНИЦЕФ Никлас Даниелсон, пренесува „Ројтерс“.
Бројот на деца кои не примиле никаква вакцина меѓу 2019 и 2021 година е зголемен за 37 отсто, од 13 на 18 милиони, а тоа се претежно деца од земји со низок и среден животен стандард, покажаа податоците.