200
На денешната седница во собранието на Република Македонија пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев истакна дека СДСМ од сега се СДС-Бугарска, а на претседателот на владата и сите од власта им порача дека ќе си лежат сите до еден за предавство, ќе си лежат и ќе си одговараат сите до еден, бидејќи македонскиот народ е трпелив, македонскиот народ тоа го покажал низ историјата, но македонскиот народ е и кроток, и македонскиот народ знае да прости но за некои работи нема простување.
Јанушев нагласи дека ќе си лежат сите до еден за предавство, ќе си лежат и ќе си одговараат сите до еден затоа што големо ни е името, голема ни е нацијата, големо ни е наследството, Македонецот е горд, и Македонецот ова нема да го дозволи.